Извлечени се двојките од плејофот за осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони

Денеска во швајцарски Нион извлечени се плеј оф двојките за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Денеска во швајцарски Нион извлечени се плеј оф двојките за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони.

Актуелниот европски шампион, француски ПСЖ ќе игра против конкурентот од домашниот шампионат, Монако.

Еден од поинтересните дуели е оној меѓу Реал Мадрид и Бенфика.

Првите натпревари од плејофот за осминафиналето ќе се играат на 17 и 18, а реванш мечевите на 24 и 25 февруари.

Осумте првопласирани екипи од лигашкиот дел обезбедија директно пласман во осминафиналето: Арсенал, Баерн, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Челси, Спортинг и Манчестер сити.

Ова се плеј оф двојките:

Монако – ПСЖ
Бенфика – Реал Мадрид
Карабах – Њукасл
Бодо/Глимт – Интер
Галатасарај – Јувентус
Борусија Дортмунд – Аталанта
Клуб Бриж – Атлетико Мадрид
Олимпијакос – Баер Леверкузен