Вечерва во Хамбург со жрепка беа одредени групите за првата фаза од Европското првенство во фудбал што следната година ќе се одржи во Германија.
Домаќинот Германија е дел од А конкуренцијата во која ќе настапат уште Унгарија, Шкотска и Швајцарија.
Актуелниот шампион Италија ќе биде во Б групата заедно со Шпанија, Хрватска и Албанија додека во Ц конкуренцијата партиципираат Англија, Данска, Словенија и Србија.
Во Д групата за место во следната фаза ќе се борат Франција, Австрија, Холандија и победникот баражите во А Лигата на нации каде во конкуренција се Полска, Велс, Финска и Естонија.
Дел од Е конкуренцијата се Белгија, Романија и Словачка и најдобриот од баражот во Б Лигата на нации или Израел, Босна и Херцеговина, Украина и Исланд додека во Ф групата се Португалија, Чешка, Турција и победникот во баражите од Ц Лигата на нации Грузија, Луксембург, Грција и Казахстан.
Европскиот шампионат се отвора на 14 јуни следната година со натпреварот меѓу домаќинот Германија и Шкотска што ќе се одигра во Минхен.