Извинување за шлаканицата на Оскарите

Холивудскиот актер Вил Смит јавно му се извини на комичарот Крис Рок за шлаканицата што му ја удри на сцена за време на доделувањето на Оскарите.

„Би сакал јавно да ти се извинам тебе, Крис, претерав и згрешив“ – изјави Смит кој колегата го удри откако тој се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит која страда од агресивна форма на алопеција.

„Насилството во сите негови форми е отровно и деструктивно. Моето однесување на синоќешното доделување на Оскарите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка се дел од работата, но шегата за здравствената состојба на Џејда беше премногу за да ја поднесам и реагирав емотивно“ – напиша Смит на Инстаграм.

Претходно, филмската академија на Оскарите го осуди Смит поради инцидентот и најави истрага за случајот.

Комичарот не сакаше да поднесе пријава во полиција, која дошла на Оксарите веднаш откако снимката станала вирална на интернет.