За одбележувањето на јубилејнава 2023 година извидничко движење во Македонија, подготви и реализира репертоар на иницијативи, акции и програми.
СИМ е младинска чадор организација основана во 1953 година. Како организација со 70 годишна традиција, преку промовирање на мир, животни вештини и позитивни вредности, согласно актуелните трендови континуирано спроведува неформална едукација за младите градејќи конструктивни индивидуи, кои активно придонесуваат за општествениот развој.
СИМ претставува најголема младинска чадор – организација на 23 активни извиднички одреди во државата. Во моментов во организациите членки на СИМ, извидничка програма следат активно повеќе од 2.500 деца и млади. Тие 23 извиднички (поречански / езерски) одреди, согласно извидничкиот завет и закони, практикуваат програми кои кај младите развиваат вештини и поттикнуваат градење на карактерот.
Во процесот на постигнување на целите, СИМ, како организација – членка на најголемата младинска фамилија и едукативна организација во која членуваат повеќе од 57 милиони млади, од повеке од 180 држави и територии низ светот, ги претставува интересите на светското извидничко движење без оглед на социо-економската позиција, пол, раса, етникум и културна позадина, политичко-религиозни убедувања, сексуална ориентација или било каква форма на поделба.
Сојузот на извидници на Македонија традиционално секоја година го прославува февруари, месец во кој е роден основачот на извидништвото – Лорд Роберт Баден – Пауел. По повод неговиот роденден, СИМ и извидничките одреди членки спроведуваат кампања „Направи добро дело”, преку која ги идентификуваат потребите на својата локална заедница и придонесуваат за нејзино подобрување. Дополнително се организираат и крводарителски акции ширум целата држава, како и еколошки акции за заштита на животната средина.