Избувна пожар во куќа во Скопје

На 44-годишен скопјанец во Скопје му се запалила куќата. Пожарникарите интервенирале навремено со што нема повредени лица .

„На 16.05.2023 во 00.56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ настанал пожар во куќа сопственост на И.С.(44) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, информираа надлежните служби на МВР за „Прес24“.