Избран е новиот надзорен одбор на ЕСМ, во него има и двајца професори од Машински факултет

ЕСМ информира дека е избран нов Надзорен одбор.

За членови се избрани – Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет, Стевче Антовски.

Независни членови на одборот се Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факутет – Маја Аначкова.

Како што е соопштено, изборот е извршен со одлука на Владата и во содејство со собранието на акционери на ЕСМ.

Со истата одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ: Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.