Избран е изведувач за автопатот Скопје – Блаце

Избрана е градежната фирма што ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, а в понеделник ќе биде потпишан и официјален договор, со што месецов се очекува да почне изградбата на оваа делница – најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето до каде се подготовките за овој проект.

– Таа тема се говореше во јавноста со децении. Успешно е завршена целокупната постапка, избран е изведувач и в понеделник и официјално ќе биде потпишан договорот. Очекувам овој месец да почне и изработката на оваа делница, така што и ова, би рекол, условно кажано, негативно наследство од минатото, се решава – изјави Мицкоски.

Тој додаде дека проблемите што ги затекнале како Влада се илјадници и, вели, еден по еден ги решаваат.

– Сега ние не можеме наеднаш сите да ги решиме бидејќи немаме толку ресурси, но еден по еден ги решаваме. Еден од тие приоритети што успеавме да го решиме е токму и овој предизвик, конечно оваа делница, овие осум километри, да бидат завршени – вели Мицкоски.