Избран директор на Инспекторатот за македонски јазик, ќе следат вработување на лектори, вели Љутков

Министерот за култура Зоран Љутков денеска информира дека еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен.

Министерот  за култура и туризам Зоран Љутков денеска информира дека еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен.

Тој на денешната прес-конференција по посетата на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“-Скопје рече дека она што важи за сите инспекторати, ќе важи и за овој.

-Едниот дел од процедурата е завршен, а тоа беше усогласување со Законот, веќе го усогласивме. Она што важи за сите инспекторати важи и за овој. Избран е директор, овој период ги работевме актите за новата систематизација која ќе треба да се донесе во рамки на инспекторатот рокот беше 20 јуни, ние веќе денес имаме завршено и е испратено во Министерството за јавна администрација. Кога ќе ја добиеме согласноста веднаш ќе пристапиме кон вработување на инспектори и лектори во сите институции таму каде што законски треба да има, информира министерот.

Формирање Инспекторат за македонски јазик е со цел надзор на примена на Законот за употреба на македонскиот јазик.