Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал

Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица.

Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот „Сириус“ во Струмица.

Тие се дел од маската „Диско забава – кралеви на подиумот“ и вечерва заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат големото дефиле на Струмичкиот карневал.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 39 групи во различни категории со учесници од земјава и странство.

Маските ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните.

По завршувањето на дефилето забавата продолжува со настап на Кирил Џајковски и локални изведувачи.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.