Мајкл Тајлер, портпаролот на изборниот штаб на американскиот претседател Џозеф Бајден, во соопштение изјави дека Трамп не може да биде претседател на Соединетите Американски Држави.
„Америка штотуку беше сведок на збунетиот, очаен и поразен Доналд Трамп, со неговите лични поплаки и лаги за американскиот правосуден систем, оставајќи ги сите да останат со очигледниот заклучок – овој човек не може да биде претседател на Соединетите Американски Држави, истакна Тајлер, како одговор на пресудата на Трамп, објави NBC News.
„Во неговото лудило поради поразот на изборите во 2020 година и воден од неговите криминални убедувања, Трамп е преокупиран со сопствената жед за одмазда. Тој мисли дека овие избори се за него. Но, тие не се. Се работи за американскиот народ: намалување на трошоците, заштита нивната слобода, одбрана на нивната демократија“, нагласи Тајлер.