Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска на прес-конференција ги повика противкандидатите в недела да не се одржат изборите за нов лидер на партијата и да се формира привремено партиско раководство кое дополнително ќе ги закаже внатрепартиските избори кога ќе се создадат услови за тоа.
Петровска смета дека досегашниот изборен процес бил нефер и се осврна на неколку забелешки зошто треба да се одложат изборите. Како забелешка ја спомена регистрацијата на членството која не се вршела лично од самите членови, како и дека од некои од противкандидатите биле злоупотребени личните податоци на дел од членовите на партијата.
Инаку, денеска имало средба на кандидатите за претседател на СДСМ, на која не присуствувал само Венко Филипче.