Избегната трагедија во Аргентина, Меси и другарите спасија „жива глава“

На улиците на Буенос Аирес цело утро е хаос поради пречекот на фудбалерите.

Авионот со светските шампиони од Катар слета рано наутро по средноевропско време во Буенос Аирес. Илјадници Аргентинци излегоа да ги поздрават националните херои.

Прославата можеше да се претвори во трагедија.

Леандро Паредес, Родриго де Пол, Лионел Меси, Анхел ди Марија и Николас Отаменди беа во задниот дел на врвот на автобусот кој возеше низ улиците на Буенос Аирес.

Додека пееја и ги поздравуваа фановите наидоа на жици од далновод. За среќа, тие навреме ги наведнаа главите и го избегнаа најлошото.