Изабел Ипер ќе претседава со главното жири на претстојниот 81. филмски фестивал во Венеција, соопштија денеска организаторите.
„Помеѓу фестивалот и мене има долга и убава историја. Да се стане привилегиран гледач е чест“, рече Ипер, која претседаваше со жирито на Канскиот филмски фестивал во 2009 година.
Ипер ја доби наградата за најдобра актерка во Венеција во 1988 година за нејзината улога во филмот „Приказна за жените“ и во 1995 година за филмот „Церемонија“.