Откриен е терористички план за убиство на папата Франциск. Индонезиската полиција уапси седуммина осомничени за кои се верува дека се инспирирани од ИСИС.
Тие планирале да го убијат папата за време на неговата посета на Индонезија, каде што ја започнал 12-дневната турнеја низ Азија и Пацификот. Осомничените биле уапсени на 2 и 3 септември откако загрижени граѓани ја известиле полицијата.
„Полицијата ја пребарала куќата на еден од наводните милитанти и пронашла лакови и стрели, беспилотно летало и летоци на ИСИС“, објави „The Straits Times“, пренесува „The Sun“.
Терористите наводно биле револтирани од посетата на папата на џамијата во Џакарта.
Се наведува од индонезиските телевизиски станици било побарано да не го емитуваат вообичаениот исламски повик за молитва додека ја прикажуваат посетата на папата Франциско, што ги налутило наводните џихадисти.
Осомничените биле идентификувани само по нивните иницијали.
Се уште не е јасно дали сите се поврзани.