ИДФ: Хезболах лансираше околу 240 ракети кон Израел
Сирените за тревога денеска се огласија во централен и северен Израел, вклучително и во Тел Авив поради ракети лансирани од Либан од страна на милитантното движење Хезболах
Сирените за тревога денеска се огласија во централен и северен Израел, вклучително и во Тел Авив поради ракети лансирани од Либан од страна на милитантното движење Хезболах.
Според израелската армија (ИДФ) врз Израел истрелани се околу 240 ракети. ИДФ претходно соопшти дека врз Израел лансирани се околу 150 ракети.
Претставникот на спасувачката служба Маген Дејвид Адом изјави дека при нападите повредени се најмалку шест лица. Во Петач Тиква, источно од Тел Авив, оштетени се куќи, а вечерва таму повторно се слушнаа сирени.
Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, како поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан.
Според најновите информации на либанското Министерство за здравство во вчерашните израелските воздушни напади во Либан загинале околу 84 лица, а 213 се повредени.