ИДФ тврди дека за еден ден уништила 280 терористички цели во Либан и во Појас Газа
Израелската армија (ИДФ) соопшти дека за време на еврејскиот празник Јом Кипур, од синоќа до вечерва, уништила 280 терористички цели во Либан и во Појасот Газа.
Меѓу погодените цели се подземна терористичка инфраструктура, магацини за оружје, воени командни центри, терористички ќелии и друга терористичка инфраструктура.
Истовремено, либанското движење Хезболах соопшти дека вчера со голем број беспилотни летала нападна предградија на Тел Авив.