ИДФ тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах

Израелската војска тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.

Во соопштението се наведува дека Хусеини, кој раководел со логистиката на Хезболах и финансирањето на неговите различни единици, бил убиен во вчерашниот воздушен напад врз либанскиот главен град.

Израелската војска соопшти дека Хусеини бил и член на Советот за џихад на Хезболах, највисокото воено тело на милитантната организација, јави „Тајмс оф Израел“.

– Хусеини одигра клучна улога во трансферот на оружје меѓу Иран и Хезболах и беше одговорен за дистрибуција на модерно оружје меѓу единиците на Хезболах, надгледувајќи го и транспортот и дистрибуцијата на ова оружје, се вели во соопштението.

Хезболах се уште не ги коментира овие тврдења на израелската армија, пренесува Ал Џезира.