
ИДФ соопшти дека е истрелана ракета од Јемен кон Израел
Израелската војска денеска соопшти дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел.
Израелската војска денеска соопшти дека „најверојатно успешно пресретнала“ ракета истрелана од Јемен кон Израел.
Поради лансирањето на ракетата, прогласена е воздушна тревога во Хаифа и уште неколку места во северниот дел на Израел.
– „Пресретнувачот е лансиран кон проектилот и веројатно успешно го пресретнал, објави армијата на Телеграм.
Од почетокот на војната во Газа, која почна по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, извршија десетина ракетни и беспилотни напади врз Израел.
Тие напади престанаа со прекинот на огнот кој стапи во сила на 19 јануари, но Хутите ги продолжија нападите откако Израел ја продолжи офанзивата врз Газа на 18 март. ј