Идната година УНЕСКО ќе го разгледува статусот на Охридското езеро
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во јули идната 2025 година повторно ќе го разгледува статусот на Охридското езеро како светско и културно наследство.
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), во јули идната 2025 година повторно ќе го разгледува статусот на Охридското езеро како светско и културно наследство, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Најмалку од 2017 година, состојбата на природното и културното наследство на Охридскиот регион е загрижувачка за Комитетот за светско наследство, особено поради влијанието на човековите активности и развојните проекти. Затоа, локацијата е предмет на внимателно следење од страна на УНЕСКО и експертите на неговите советодавни тела, што вклучува доставување чести извештаи од државите членки за состојбата на зачувување на локацијата“, велат од УНЕСКО за РСЕ.