Игор Пехчевски до министерот Меџити: Барам јавно извинување – барам лек за живот, тој вели дека правам шоу

Пациентот Игор Пехчевски, болен од цистична фиброза бара извинување од министерот за здравство Фатмир Меџити за изјавата дека правел шоу кога бараше лек „трикафта“.

Тој бара министерот јавно да се извини, а лекот да биде донесен одма. Ова следува по интервјуто на Меџити за „Макфакс“ во кое тој не признаваше дека нема „трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза.

„Го слушам и гледам министерот за здравство. Јас барам лек од кој животот ми зависи, а тој си дозволи како доктор и министер за здравство да каже за мене дека со барањето на лек правам шоу во јавноста на телевизија. Барам од вас јавно извинување. И главното: Донесете го лекот ‘трикафта’ сега и веднаш, а не за неколку месеци како што кажувате во вашите изјави“ рече Пехчевски.