Игор Дурловски за Аца Лукас: „Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да бидеме публика на туѓи режисери“
Оперскиот пејач Игор Дурловски остро реагираше по случувањата во Кавадарци, оценувајќи дека домашната јавна сцена сè повеќе се претвора во продолжение на балканските естрадни и политички пресметки, наместо во простор за заштита на сопствениот културен идентитет.

Дурловски предупреди дека одредени регионални „естрадни центри на моќ“ не само што влијаат врз вкусот на публиката, туку се обидуваат директно да навлезат и во македонските политички процеси. Според него, тоа претставува сериозна опасност за културниот суверенитет на државата.
„Ако државава сака да функционира со минимална самопочит, мора да воспостави строги и транспарентни правила за организацијата и настапите на странски изведувачи,“ порача тој, додавајќи дека тоа не е рестрикција, туку „елементарна културна самозаштита“.
Дурловски предлага формирање стручно тело кое ќе утврди јасни критериуми, стандарди и обврски за концертни организатори и изведувачи, со цел да се спречи, како што вели, „деградација на нашата културна сфера во сензационалистичка придружна програма на туѓи интереси“.
„Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да се однесуваме како публика на настан чиј режисер никогаш не сме го избрале,“ напиша тој.