
Иво Санадер пуштен на условна слобода
Санадер е осуден на седум години затвор за повлекување пари од јавни претпријатија во црниот фонд на ХДЗ и нерегистрирани донации, за примање 17,5 милиони куни од Стјепан Фиолиќ е осуден на шест години, а за примање поткуп од 10 милиони евра за предавање на управувачките права од ИНА на унгарската нафтена компанија е осуден на шест години затвор.
Со одлука на Окружниот суд во Сисак, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно ослободен, а одлуката е донесена на денешната седница на советот, јави Н1 Хрватска.
Поради неколку кривични дела, Санадер е осуден на единствена казна од 18 години затвор, а додека ја издржувал казната ги користел бенефициите пропишани со Законот за извршување на затворски казни.
Денеска се одржа рочиште на кое беше одлучено дека Санадер ги исполнува условите за предвремено ослободување од затвор.
Санадер е осуден на седум години затвор за повлекување пари од јавни претпријатија во црниот фонд на ХДЗ и нерегистрирани донации, за примање 17,5 милиони куни од Стјепан Фиолиќ е осуден на шест години, а за примање поткуп од 10 милиони евра за предавање на управувачките права од ИНА на унгарската нафтена компанија е осуден на шест години затвор.
Досега, поранешниот премиер на Хрватска поминал околу седум и пол години зад решетки, во притвор или под пресуди.