„Идејата никогаш не беше дека нашата „проактивна” зелена дипломатија и дефетистичка отвореност за решение со Бугарија ќе произведе неверојатни резултати. Целта беше да се оддржи некакво минимално ниво на морална исправност, национална стаменост и убеденост во сопствените позиции, еден вид на резилиентност пред антиевропските, ревизионистички и империјалистички позиции на Софија“.
Ова како коментар на Фејсбук го напиша аналитичарот Ивор Мицкоски. Тој во својот статус посочува дека нашата власт се откажа од националното и идентитетско достоинство.
„Неуспехот лежи во тоа што излегуваме од процесов со скршени коски, понижени и без капитулација, оштетени и во нерешението, лишени од каква било национална гордост или барем базично чувство дека сме на вистинската страна на историјата, макар и вакви безначајни какви што сме. Не се откажа нашата власт од решение, се откажа од националното и идентитетско достоинство во потрагата по решение. Бевме објективно послаби во овој спор, сега сме и субјективно утепани“ напиша Мицкоски.
https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10160406116881042