Иван Љубичиќ: Новак има психички проблем

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на планетата, се наоѓа во кризен период бидејќи нема освоено трофеј од почетокот на сезоната, а тоа предизвика лавина коментари и од стручњаците и од луѓето на социјалните мрежи.

Што се случува со Ѓоковиќ е прашањето што сите постојано го поставуваат. А на одговорот ќе треба да почекаме малку, барем до Мастерсот во Монте Карло кој е на програмата од 7 април.

Свое мислење се изјасни и славниот Иван Љубичиќ, некогаш третиот тенисер на планетата со неверојатен животен пат и поранешен тренер на Роџер Федерер, кој смета дека проблемот во моментов е само психички.

„Мислам дека во моментов Јаник Синер и Карлос Алкараз се пред сите и ќе останат во следните неколку години. Тие ќе бидат играчи кои треба да се победат. Тоа е психички проблем, тој сигурно не заборавил да игра тенис. Несомнено Ноле мора да има оган во себе или нешто му фали. Ѓоковиќ е навикнат да се бори за секој поен и секој сантиметар. Ако не ја почувствува таа желба, може да влезе во неволја“, изјави Љубичиќ за Газета дело спорт.

Сепак, на крајот имаше оптимистичка порака.

„Убеден сум дека може да се опорави пред неговите претстојни цели, кои се реални за него – Ролан Гарос, Вимблдон и Олимписките игри во Париз“, изјави славниот Хрват.