Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, Иван Чупиќ, по завршувањето на оваа сезона заминува во пензија.
Легендарниот 39-годишен крилен напаѓач на хрватската репрезентација најверојатно во четврток ќе го одигра последниот натпревар во кариерата, кога Загреб со победа против Нексе може да обезбеди нова шампионска титула.
Тоа е прв натпревар од плеј-офот со три победи, но во предвид е земен и односот меѓусебни од регуларниот дел од сезоната. Загреб ги доби двата натпревари, па пред првиот натпревар од плеј-офот води со 2:0 и му треба само една победа за шампионската титула.
Чупиќ кариерата ја започна во Метковиќ, а потоа играше во Медвешчак, Виго, Горње, Р.Н. Ловен, Киелце, Вардар, а од 2021 година е во Загреб.
Освои осум титули во националниот шампионат, една Лига на шампиони со Киелце, а дури две со Вардар, во кои го постигна и решавачкиот гол за европската титула.
Во хрватската репрезентација игра од 2005 година, а дома има сребро и бронза од СП, по две сребра и бронза од ЕП и олимписка бронза од Олимписките игри во Лондон 2012 година.
Покрај сето тоа, Чупиќ играше без прст на левата рака во последните 16 години од кариерата, која ја загуби во бизарна несреќа.