
Иванов: Со ВМРО-ДПМНЕ и Јорданов во Штип и чистата вода за пиење стана луксуз
➡ ДПМНЕ и Јорданов ги тресеа бројни скандали: од аферата со украдената нафта и штетата направена на грбот на граѓаните од 18 милиони денари народни пари, до случаите со дивоградбите на неговата секретарка и финансиски злоупотреби во градинките. ЈП „Исар“ е претворено во загубар, а бунарскиот систем од кои цел Штип се снабдуваше со вода и требаше да бидат алтернативен извор е уништен, истакна кандидатот за градоначалник на Штип на СДСМ Павел Иванов.
„Изминативе четири години сите сме сведоци на лошите политики со кои владееше локалната власт предводена од ДПМНЕ. За жал, тие политики беа погубни за инфраструктурата и за развојот на нашиот град, но и за здравјето на граѓаните“, истакна кандидатот за градоначалник на Штип на СДСМ и Коалицијата Павел Иванов на партискиот собир во Штип.
Иванов се осврна на хаосот и безредието што во Штип го предизвикаа ДПМНЕ и Јорданов.
„Пред четири години, со големи и нереални ветувања, ја презедоа власта – ветувања што денес гледаме дека останаа само празни зборови. И по четири години ние сè уште зборуваме за истите проблеми: дупки на улиците, полни контејнери, неискосена трева, депонија која гори секој ден и го загадува воздухот, што го дишат Штипјани. Секој пороен дожд претвора делови од градот во езера, центарот се гуши во сообраќаен метеж, а уличното осветлување едвај функционира. Чистата вода за пиење, водоснабдувањето без прекини стана луксуз за Штип“, нагласи Иванов.
Потенцираше дека владеењето ДПМНЕ и Јорданов во Штип беше проследено со бројни скандали.
„ДПМНЕ и Јорданов ги тресеа бројни скандали: од аферата со украдената нафта и штетата направена на грбот на граѓаните од 18 милиони денари народни пари, до случаите со дивоградбите на неговата секретарка и финансиски злоупотреби во градинките. ЈП „Исар“ е претворено во загубар, а бунарскиот систем од кои цел Штип се снабдуваше со вода и требаше да бидат алтернативен извор е уништен“.
Таквиот начин на владеење мора да запре. Време е да воспоставиме систем кој ќе ги става граѓаните на прво место – систем заснован на чесност, одговорност и отчетност. Нашата визија е јасна – да градиме по план и со ред. Урбаната и руралната инфраструктура ќе ја ставиме целосно во служба на граѓаните. Ќе работиме одговорно, квалитетно и домаќински, а секоја инвестиција ќе биде по приоритетите на граѓаните, а не поединци, како што е случајот денес, порача кандидатот за градоначалник на Штип Павел Иванов.
Презентирајќи ја својата програма Иванов, најави чиста вода и чист воздух, затоа што Штипјани го заслужуваат тоа, повеќе средства во џебот на граѓаните и отворена, услужна општина што ќе нуди навремени, достапни и квалитетни услуги.
„Време е Штип да ги искористи придобивките на алтернативните извори на енергија. Енергетската ефикасност ќе биде во срцето на нашата програма, а посебно внимание ќе посветиме на најранливите категории граѓани. Финансиски ќе ги помагаме младите брачни парови за обезбедување сопствен дом. За највозрасните ќе изградиме инклузивен комплекс за достоинствен живот, а лицата со попреченост ќе добијат поддршка за самостојно живеење во безбедна и стимулативна средина Со СДСМ ова ќе биде општина за сите – фер, модерна и директно насочена кон граѓаните “.
„Иако денеска Иван Јорданов избегна ТВ дуел, за да ги соочиме аргументите нема да може да избега од казната што му следува на 19 октомври. Заедно се бориме за нашиот дом“, порача кандидатот за градоначалник на Штип на СДСМ и Коалицијата Павел Иванов на партискиот собир во Штип.