
Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат
Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача денеска на прес-конференција кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг.
Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача денеска на прес-конференција кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг.
Кој и да победи во вториот круг на локалните избори, Ивановска посочи дека треба да носи одлуки во полза на сите, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес.
Победникот, рече, треба да го заштити уставното право на граѓаните за здрава животна средина, како и нивното активно учество во креирање и донесување на одлуки.
– Голем број граѓани препознаа вредности и без особени кампањи, затоа што тоа се свесни граѓани кои наместо секојдневно да негодуваат за проблеми, преземаат акција за промени, преземаат одговорност за својот живот … Кој и да победи, доколку вистински се залага да го заштити јавниот интерес, треба да носи одлуки во полза на сите и да го заштити уставно загарантираното право за здрава животна средина и активното учество на граѓаните во креирањето и донесувањето на одлуките, рече Ивановска.
Охрабрува фактот, вели, што Центар има критичка маса која што не размислува по партиска шема. Ивановска додаде дека граѓаните очекуваат одговорни политики и транспарентност во одлуките на локалната власт, укажувајќи на потребата од ревизија и усогласување на Деталните урбанистички планови со Генералниот урбанистички план.
– Укажуваме дека е неопходно да се ревидираат, изменат и дополнат Деталните урбанистички планови, кои не се во согласност со Генералниот урбанистички план. Да не се издаваат дозволи за градба врз основа на Детални урбанистички планови, чии параметри, на пример густина на население, се поголеми од предвидените во Генералниот план. Издадените дозволи да бидат јавно објавени на мапата која што „Шанса за Центар“ доброволно ја направи и ќе ја стави на располагање на Општината, која што ќе треба само да ја одржува. Ние направивме мапа и во моментот има над 150 градби во општина Центар, посочи Ивановска.