Ивановска: Како ќе се справиме со државата со вакви масовни вработувања на гласачи!

Треба да бидат свесни учесниците или кандидатите во изборите дека предност има функцијата што ја вршат, а не партискиот интерес или кандидатурата. Тие треба да си го завршат работниот ден како што треба, а по работно време да одат по кампањи. За жал, изборите уште не се распишани, а кампањите функционираат, вели екс-претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска откако вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.

-Не е забрането со закон, но има етички кодекс во кој е кажано дека доколку „членови на влада имаат намера да учествуваат во избори, треба да го известат премиерот и членот на Владата кој е задолжен за следење на етичкиот кодекс“.

Треба да бидат свесни учесниците или кандидатите во изборите дека предност има функцијата што ја вршат, а не партискиот интерес или кандидатурата. Тие треба да си го завршат работниот ден како што треба, а по работно време да одат по кампањи. За жал, изборите уште не се распишани, а кампањите функционираат, вели екс-претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска откако вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе продолжи да ги извршува своите обврски и покрај неговата најавена кандидатура за претстојните локални избори.

Според Ивановска, секогаш има вакви ситуации пред изборите, односно масовни вработувања, бидејќи тоа се потенцијалните гласачи.

-Гледаме дека има масовни огласи за вработување – сите вработувања треба да се завршат пред распишување на изборите, бидејќи со закон децидно е кажано дека се забранува вработување за време на изборите. Сега гледаме дека има предизборни злоупотреби. Се вршат масовни вработувања, бидејќи тоа се гласачи. Не е добро ова бидејќи бараме да има стручна администрација. Како ние ќе се справиме со државата е под знак прашање, рече синоќа Ивановска во вестите на Тв Сител.