Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ реши да се пензионира на крајот од минатата фудбалска сезона. Сепак, само еден месец подоцна, се чини дека тој би можел да му се врати на фудбалот, како фудбалер!
Ибрахимовиќ повторно ги изненади сите со својата последна изјава, во која практично најави дека размислува да се реактивира како фудбалер.
Се чини дека проблемот со коленото е причината поради која се збогуваше, но се чини дека во меѓувреме добил позитивни вести од докторот.
„Сега не се брзам, но ќе видиме што ќе биде следно. Поминаа само три недели откако најавив дека се повлекувам. Можеби ќе се вратам на теренот. Можеби за еден месец ќе бидам во тренинг кампот на Милан“ – изјави Ибрахимовиќ за „Спорт Медиасет“.
„Благодарен сум на сите кои би сакале да ме видат во Милан, дури и во улогата на менаџер. Милан секогаш ќе биде во моето срце. Поминавме многу со овој клуб. А таква љубов од навивачите ми дава сила“ вели тој.
Ибрахимовиќ во кариерата настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Милан, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Л.А. Галакси.
Постигна 511 гола на клупско ниво, а за шведската репрезентација има 122 одиграни натпревари и 62 гола.