Долго бевме опозиција, сега влегуваме во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која партија не е онаа старата, на Груевски и Мијалков – пријателите на Али АХмети, но ако се врати на тие стари позиции и политики, нема да се премислуваме и нема да ни биде тешко да се вратиме во опозиција, изјави Зеќирија Ибрахими од Вреди. Тој нагласи дека владината коалиција ВМРО-Вреди ќе биде коалиција на економски успех, а дека Вреди ќе го гарантира Дотоворот од Преспа.
Ибрахими во гостување на ТВ Клан изјави дека Вреди ќе ја гарантира заштита на меѓународните договори.
„Претседателката Сиљановска и лидерот Мицкоски не кажаа дека не го почитуваат Договорот од Преспа. Како Албанци ќе бидеме во владата за да го заштитиме тој договор, а не да го ревидираме. Ја уверуваме и меѓународната заедница дека Вреди е гаранцијата за почитување на договорите“, рече Ибрахими.
Тој додаде дека Мицкоски бил коректен кон Вреди, ги почитува како партии и како политичари, самиот дојде во нивното седиште, за разлика, како што рече, што Ахмети одел кај Груевски за договор за коалиција,.