Зошто Бразил играше во црни дресови за првпат по 109 години?
Вчера во Барселона, Бразил одигра пријателски натпревар со Гвинеја (4:1).
Натпреварот го одбележа еден детал од првото полувреме во кое Бразилците играа во целосно црни дресови.
Тоа беше првпат во 109-годишната историја на бразилската репрезентација играчите да носат црни дресови.
А причината е едноставна – расизам.
Со овие дресови Бразилците изразија протест против расизмот кој е се поголем проблем во модерниот фудбал.
Од расизам страдаат и многу бразилски репрезентативци, особено напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор, кој недела по недела е на мета на навивачите на шпанските стадиони.
„Не се игра со расизам, затоа моравме да протестираме. Играчите клекнаа пред натпреварот, а за прв пат во 109-годишната историја на бразилската репрезентација облечеа црни дресови“, соопштија од бразилската федерација. која планира да ја продолжи борбата против расизмот во вторник на пријателскиот натпревар против Сенегал во Лисабон.
Стрелец на последниот гол за Бразил од пенал беше Винисиус, овојпат со реден број 10, сопственост на повредениот Нејмар.
Пред тоа во мрежата ја погодија Жоелинтон, Родриго и Едер Милитао.
Серху Гираси во првото полувреме намали на 1:2.
Camisa 10! ✊🏿✊🏿
Boa sorte, @vinijr!
Representa a 10 como você bem sabe. Honre o manto do nosso eterno Rei @pele
Com racismo não tem jogo! A sua luta é a nossa luta.
E nesse dia histórico, em que a Seleção Brasileira usará uma camisa preta pela primeira vez, você vai usar a… pic.twitter.com/LD2T2pwY4j
— CBF Futebol (@CBF_Futebol) June 17, 2023