Зоран Милановиќ: Нема да поднесам оставка!
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека нема да поднесе оставка од функцијата што ја извршува и тоа, нагласи, е негова конечна одлука, а доколку биде избран за премиер, Иван Турудиќ нема да биде главен државен обвинител.
По парламентарните избори тој најави собирање на мнозинството во, како што рече, своевиден „санитарен кордон против злото што ја снајде Хрватска во последните седум и пол години“.
Го бранам галското село како Астерикс. Немам апетит како Обеликс, но го бранам галското село. Јас ги бранев институциите во текот на целиот мој мандат, граѓаните добро реагираа на тоа, според сите емпириски показатели, рече Милановиќ.