ЗНМ бара итно решавање на процесите за насилство врз новинарите

Итно решавање на сите отворени процеси во кои врз новинари се применува насилство, реформи во регулативата за слеп тужбите и сериозен одговор од МВР и ОЈО на вербалното насилство што се случува сѐ почесто преку онлајн платформите се барањата на Здружението на новинарите на Македонија по повод Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите.

На денешната прес-конференција на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) што се одржа во Клубот на новинари се дискутираше за заштитата на новинарите и казнивоста на заканите и нападите врз нив.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, истакна дека оваа година се регистрирани четири посериозни прекршувања на правата на новинарите, заедно со бројни онлајн закани и осум слеп тужби.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, нагласи дека секоја физичка закана кон новинари треба да биде сериозно обработена од страна на МВР и другите истражни органи.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, потврди дека обвинителството ги презема сите мерки за расчистување на случаите и рече дека ја осудува секоја форма на притисок кон новинарите.

Претседателот на ССНМ, Павле Беловски, истакна дека има многу простор за работа во делот со безбедноста на новинарите, и дека најнебезбедни услови за работа има во онлајн медиумите.