Значително подобрена ситуацијата со пожарите на Пелопонез и Хиос

Значително е подобрена ситуацијата со пожарите во северозападниот дел на Пелопонез и на островот Хиос, откако доцна синоќа имаше нови разгорувања, а изгорената површина надминува 5.000 хектари, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарите избувнаа во вторникот, а огнената стихија предизвика материјална штета што дополнително ќе се проценува.

Поради синоќешните разгорувања, утрово продолжуваат да се интервенира од воздух и на Пелопонез и на Хиос.

Во четирите грчки области каде што во вторникот избувнаа големи шумски пожари, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, изгорела површина од над 10.000 хектари.

Поконкретно, на островот Хиос процените се дека огнената стихија зафатила површина од околу 4.300 хектари, на Закинтос околу 2.300 хектари, во околината на Превеза околу 2.600 хектари и во областа Ахаја околу 920 хектари.