Значителен пад на цената на струјата се очекува од ноември, според пазарните проценки, по намалувањето на цената на струјата на берзата и на меѓународните цени на природниот гас, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Просечната цена на струјата на грчката берза за октомври до вчера изнесуваше 263,86 евра за мегават час.
За споредба, во септември изнесуваше 416,87 евра, а во август 436,53 евра. Деескалацијата се припишува од една страна на зголеменото учество на обновливите извори на енергија, а од друга страна на намалувањето на цените на природниот гас.
Природниот гас на Холандската берза вчера затвори по цена од 112,15 евра за мегават час во пресрет на предлозите на Комисијата на ЕУ за контрола на цената на горивото.
На врвот на кризата во август таа достигна близу 350 евра.