Приходите на Твитер во декември 2022 година паднаа за 40 отсто во споредба со истиот месец во 2021 година, пишува Wall Street Journal, цитирајќи извори запознаени со ситуацијата.
Неколку огласувачи радикално ги ограничија своите инвестиции во Твитер откако сопственикот на Тесла, милијардерот Илон Маск, ја презеде компанијата кон крајот на октомври, пренесува Reuters.
Според податоците од Standard Media Index, во декември 2022 година приходите од реклами на Твитер паднале за 71 отсто во споредба со периодот пред Маск да ја преземе компанијата.
Твитер не одговори веднаш на барањето за коментар на оваа вест. Во ноември, Илон Маск предупреди дека Твитер може да банкротира.