
ЗНАМ со вештачка интелегенција во кампањата: „Прашајте го градоначалникот со GPT“
Рисова Мутлулар рече дека оваа иницијатива е дел од пошироката визија на Движењето за модерна, транспарентна и одговорна Македонија – држава која чекори напред со знаење, иновации и отвореност кон граѓаните.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата.
– Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. Платформата им овозможува на граѓаните да поставуваат прашања, да добиваат прецизни и навремени одговори, како и да се информираат за сите проекти, програми и визии на кандидатите – истакна Маја Рисова Мутлулар, член на Централниот Одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.
Рисова Мутлулар рече дека оваа иницијатива е дел од пошироката визија на Движењето за модерна, транспарентна и одговорна Македонија – држава која чекори напред со знаење, иновации и отвореност кон граѓаните.
– Денеска не промовираме само дигитален производ – промовираме нов начин на водење политика. Политика што слуша, што одговара, што не се крие зад изговори, туку стои зад вистината. „ZnamGPT“ претставува чекор кон нова политичка култура – култура во која секој може да праша, секој добива одговор и секој знае што се случува во неговата општина.
Преку оваа алатка, граѓаните ќе имаат пристап до информациите за локални проекти и планови, податоците за инфраструктура, урбанизам и јавни услуги, како и за визијата на кандидатите за одржлив и современ развој на градовите – рече претставничката на ЗНАМ.
Платформата е достапна 24 часа дневно, 365 дена во годината, и може да се користи од секое место преку линкот www.znamgpt.mk