ЗНАМ очекува ВМРО-ДПМНЕ да се огради од изјавата на Милошоски за министерот Филков

Пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсовски, денеска реагираше на изјавите на потпретседателот на Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој синоќа изрази сомнеж во квалитетот на работењето на министерот за правда, Игор Филков.

„Ставот на ЗНАМ кон ваквиот отворен и брутален вербален напад врз личниот интегритет на еден од најуспешните министри во Владата на премиерот Мицкоски е следен: Антонио Милошоски е последниот кој има кредибилитет да држи лекции за правосудни стандарди. Го слушнавме како објаснува што би направил и што би реконструирал кога би бил премиер“, изјави Арсовски, додавајќи: „Тој не е премиер, ниту бил, ниту ќе биде“

Арсовски потсети на резултатите од осуммесечната работа на министерот Филков, меѓу кои нови закони за Судски совет, Совет на јавни обвинители и парнична постапка.

„Во интерес на Македонија и сите нејзини граѓани, да продолжиме посветено да работиме на реформските процеси кои се единствениот пат кон европска иднина“, нагласи тој.

Арсоски потенцираше дека од ЗНАМ очекуваат ВМРО-ДПМНЕ, како што рече „во најкраток рок јавно да се огради од ставот на Милошоски“.