ЗНАМ: Немаме партиско влијание во бизнисите на Петровски

ЗНАМ реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со тендерската постапка за хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти.

ЗНАМ реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ во врска со тендерската постапка за хигиеничарски услуги во ЈП Македонски пошти.

Од таму велат дека ЗНАМ нема никакво партиско или политичко влијание во ниту една ваква постапка.

Иако Сашо Петровски бил носител на советничката листа на ЗНАМ за општина Кисела Вода, тврдат дека тој не зазема никаква партиска функција.

„Тој е приватен сопственик кој долги години се занимава со бизнис за одржување на хигиеничарски услуги во приватниот сектор и има значајно професионално искуство и во одржувањето на приватни компании, но и државни институции“, се наведува во соопштението.

ЗНАМ истакнува дека, доколку било кој надлежен орган утврди конфликт на интерес или прекршување на законот, тие ги повикуваат органите да постапат согласно законската регулатива.

Во спротивно, посочуваат дека секој има право демократски да води сопствен бизнис и да учествува на јавни конкурси.

СДСМ: Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ