Знамето на УЧК на мечот Швајцарија – Германија

Фудбалерите на Германија ремизираа со Швајцарија во третиот и последен натпревар од групата А.

Покрај добрата игра на Швајцарија и мачењето на Германците, натпреварот го одбележа и нова сцена.

Знаме на озлогласената терористичка организација УЧК повторно се најде на теренот на стадионот во Франкфурт каде се играше натпреварот.

Познато е дека многу Албанци навиваат за Швајцарија поради Гранит Џака и Џердан Шаќири, но на многу корисници на социјалните мрежи им е неверојатно што знамињата кои не припаѓаат таму сепак ги минуваат контролите.