Володимир Зеленски – претседателот на Украина во синоќешното видеообраќање до нацијата изјави дека подигнувањето на украинското знаме на Змиски Остров е знак дека неговата земја не е скршена.
„Секој руски капетан, на брод или авион, нека го види украинското знаме на Змиски Остров и нека знае дека нашата земја нема да биде скршена“ – истакна Зеленски.
Тој додаде дека двомесечната операција за ослободување на Змиски Остров е предупредување до руските сили во Украина.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, Змискиот Остров повеќепати е заземен и од руската и од украинската армија.
Змискиот Остров е стратешки важен и за Украина и за Русија. Во Црното Море има само неколку острови, а Змискиот Остров е лоциран на околу 200 километри јужно од Одеса, и од него може да се контролира целиот поморски сообраќај во близина на најголемиот пристаништен град во Украина.