
Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Тетово го расчисти кривично-правниот настан кој се случи на 11 август на плоштадот во Тетово, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, кога беше развиорено знаме на т.н. „Голема Албанија“, со што е сторено кривично дело по чл.319 од КЗ.
По преземени оперативно тактички мерки, утврден е идентитетот на лицето кое го сторило кривичното дело- А.М.(21), кој е германски државјанин, соопшти полицијата.
Во координација со ОЈО Тетово, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 319 од КЗ до надлежното обвинителство за натамошно постапување.
Информацијата од страна на МВР, доаѓа по речиси месец дена потрага по лицето кое го вееше знамето во Тетово.
Министерството за внатрешни работи претходно во врска со овој настан имаше објавено фотографија од лицето што го вееше знамето со т.н. голема Албанија на градскиот плоштад во Тетово на 11 август кога градот го посети косовскиот премиер Албин Курти.