Змија во центарот на Скопје

Змии предизвикаа општа паника меѓу скопјаните. Фотографија од змија на паркинг во центарот на градот можеше да се забележи на социјалните мрежи.

„Змии шетаат во Центар. Ништо не е искосено, права џунгла е“ пишува во еден од коментарите под фотографијата.

Засега нема информации за каков вид на змија станува збор.

Змија вчера беше забележана на кејот на Вардар.Претходно змии имаше и во Аеродром, а ист проблем беше и лани кај МНР.