На кино покривот на ГТЦ вечер, во рамки на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“, ќе биде прикажано најновото остварување на култниот канадски режисер Дејвид Кроненберг „Злосторства на иднината“.
На програмата на „Синедејс“ денеска се и „Брокер“ во киното „Милениум“, „Планета на овците“ и „Наставничка канцеларија“ во Кинотека, македонскиот краткометражен „Живот во Меур“ во МКЦ парк и „По зимата“, додека во Поп Ап киното, како дел од програмата „Крацери“, ќе бидат прикажани филмови според селекција на Влатко Галевски.
Годинашниот „Синедејс“ се одржува под мотото „Од високо подобро се гледа“. Почна на 7-ми, а ќе трае до 14 јули и се одржува на повеќе локации низ Скопје: на покривот на ГТЦ, на покривот на Домот наградежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум и Кинотека.