Бензема беше најголемиот фаворит за освојување на оваа награда. Беше најдобар стрелец и играч на Реал Мадрид во походот кон европските и шпанските шампионски титули. Во сезоната постигна 50 гола, од кои 15 во Лигата на шампионите. Наградата му ја додели Зинедин Зидан.
Златната топка во женска конкуренција ја доби фудбалерката на Барселона, Алексија Путељас.
Копа тројфенот за најдобар фудбалер до 21 година му припадна на играчот на Барселона, Гави.
Наградата Јашин за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа.
Роберт Левандовски ја доби наградата Герт Милер за најдобар напаѓач.
Скорат наградата за неговите хуманитарни дела ја доби Садио Мане.
За најдобар клуб беше прогласен Манчестер Сити. Тоа беше и единственото изненадување на доделувањето на наградите бидејќи се очекуваше дека Реал Мадрид ќе биде добитникот на оваа награда со оглед на тоа што освоија двојна курна, Лигата на шампионите и Примера, за разлика од Сити кој беше најдобар само во Премиерлигата.