![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/07/finalisti-960x708-1-750x430.jpg)
Македонската универзитетска карате репрезентација денеска успеа во најтешката дисциплина борби мажи екипно, да го освои златниот медал. Ова е прв Златен медал за Македонија од една европска универзијада во екипна конкуренција. Во Финалната борба нашиот тим беше поуспешен од Украина и ја совлада со резултат 3-1.Успехот го постигнаа со четири победи следните репрезентативци:
Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков и Димитар Илиевски.
Бошко Заборски селекторот на репрезентацијата на Македонија изјави:- Постигнавме голем резултат, за прв пат на една европска универзијада Македонските карате спортисти во екипна конкуренција се на највисокиот пиедистал. Задоволството е огромно во целиот тим. Екипниот медал е секако најтежок за освојување и затоа сите многу сме среќни. Успехот е поголем бидејќи Давид Петков успеа и во поединечна конкуренција во тежинската категорија -67 кг да освои златен медал и заедно со бронзата на Ангела Мојсовска во категоријата – 68 кг не прави да бидеме многу горди. Вкупниот биланс од оваа универзијада за Македонија се 2 (две) златни медали и 1 (еден) бронзен медал.