Зинченко: Срце ми се кине кога ќе помислам колку деца се жртви на војната!

Украинскиот фудбалски репрезентативец – Олександер Зинченко повторно апелираше да се стопира руската агресија врз неговата земја.

Тој во едноминутната порака на Инстаграм потенцираше дека во нападите досега настрадале многу невини луѓе меѓу кои има и преку 100 деца.

„Јас сум Олександер Зинченко, фудбалер на Манчестер Сити и на Украина. Не само што играм за Украина, јас сум нејзин граѓанин. Мојата земја во моментов се брани од руската агресија. Илјадници луѓе умираат. Руската војска веќе уништи неколку градови. бомбите и ракетите паѓаат и ги погаѓаат домовите на цивилите. Роден сум и израснат во Житомирскиот регион. На 8. март, руски авиони го нападнаа Малин, град кој е во близина на Житомир. Како последица на еден воздушен напад, загина петчлено семејство, заедно со едно мало дете. И сам имам мала ќерка. Срцето ми се кине само кога ќе помислам колку деца на нејзина возраст досега умреа и уште колку ќе бидат жртви на војната. До сега има повеќе од 140 убиени деца. Сопрете ја инвазијата за да не продолжи да расте тој број. Сопрете го Путин, спасете ги украинските деца“ – порача Зинченко.

https://www.instagram.com/tv/Cb4fAUjjyad/?utm_source=ig_web_copy_link