Зинченко со солзи во очите во Шкотска: Сон на секој Украинец е да запре војната

Дефанзивецот на Манчестер Сити – украинскиот фудбалски репрезентативец Олександр Зинченко се расплака на прес-конференцијата во пресрет на полуфиналниот бараж со Шкотска кој се игра вечерва од 20.45 во Глазгов.

Поради руската агресија врз Украина овој меч не се одигра во предвидениот мартовски термин.

Зинченко неколкупати плаче пред камерите кога станува збор за случувањата во неговата земја, па сега на пресот повторно емотивно експлодира. Велс го чека победникот од овој меч за финалната пресметка на 5 јуни.

„Ние имаме еден сон да играме на Светско првенство, ама секој Украинец во овој момент сака само едно – да запре војната. Јас разговарам со децата и тие не разбираат што се случува, но сите имаат еден сон – сакаат да заврши таа војна“ – рече Зинченко.

Украина на 24. февруари беше нападната од Русија и војната во земјата трае откако низа градови практично беа разурнати.

https://twitter.com/B24PT/status/1531722602036830209?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1531722602036830209%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fsvet%2Fzinchenko-placheshe-pred-barazhot-so-shkotska-son-na-sekoj-ukrainec-e-da-zapre-vojnata

Велс го чека победникот од овој меч, за финална пресметка на 5. јуни и обезбедување мундијалски билет.