Земјотрес ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран на 13 километри од градот Таргу Жију, кој се наоѓа во близина на границата со Србија.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 5 километри.

Засега нема информации за материјална штета.