Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи рано утринава во областа Акчадаг во Малатија.

Според информациите добиени од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни ситуации (АФАД), земјотресот се случил во 03:18 часот, со епицентар во областа Акчадаг.

Земјотресот, регистриран на длабочина од седум километри под земја, предизвикал краткорочна загриженост, пренесува „Хабертурк“.